– Израелските војници окупираа џамија и читаа еврејски молитви преку звучници за време на нивните крвави упади во градот Џенин на окупираниот Западен Брег.
Додека рацијата и опсадата на израелската армија продолжуваа врз градот Џенин и бегалскиот камп во овој град, израелските војници извршија грозоморен напад врз џамија во градот.
Војниците влегоа во џамијата со чизми, а еден од нив преку микрофонот на џамијата читаше еврејска молитва.
Војникот што го држеше микрофонот ја рецитирал молитвата „Шема Јисраел“ (Слушај Израеле) што Евреите ја рецитираат взори и на самрак додека неговите пријатели го снимале.
На снимката може да се слушне како од звучниците на џамијата одекнува еврејската молитва, додека некои израелски војници се смеат.
Еврејските радикални групи ја споделија снимката на нивните профили на социјалните мрежи со пофалба за потегот, а непочитувањето на џамијата предизвика огромни реакции кај многу корисници на социјалните мрежи.
– Екстремно десничарскиот израелски министер го пофали овој акт на непочитување во џамијата –
Расистичкиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, ги пофали војниците за овој акт на непочитување во џамијата во Џенин.
Бен-Гвир ги сподели снимките на својот профил на Телеграм и рече: „Еден од нашите херојски војници што ја рецитира ‘Шема Јисраел’ во џамија во Џенин.“
Израелските сили во градот Џенин и во бегалскиот камп во овој град, каде што три дена вршат крвави рации, досега убија 11 Палестинци.
Израелската армија, која го држи кампот под опсада, го ограничува и влезот на палестинските медицински тимови.