Израелските медиуми тврдат дека на 7 октомври израелски тенк отворил оган врз израелските заложници

– Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека за време на нападот на Хамас врз израелските населени места на 7 октомври, израелски тенк отворил оган врз куќа во која се наоѓале израелски заробеници во еврејската населба Беери.

„Часови откако почнаа нападите на 7 октомври, израелски тенк истрела гранати врз куќата на Паси Коен во Беера, каде со заложниците се криеја и припадниците на Хамас“, наведува израелскиот весник.

Истакнува дека ова е заклучено врз основа на снимката од полициски хеликоптер кој бил повикан во тоа подрачје за време на нападот на Хамас.

Јасмин Порат, која побегнала од фестивалот и се сокрила во една куќа, рече дека кога отишла до еден од војниците и прашала дали куршумите би можело да ги погодат заложниците, го добила одговорот: „Ова го правиме само за да ги урнеме ѕидовите на куќата.“

Хадас Даган, која со сопругот се криела пред куќата во која биле заробени нејзините соседи, исто така изјавува дека била повредена од парче шрапнел кога била гаѓана куќата на нивниот сосед.

Се наведува и дека војниците во населбата забележале дека од хеликоптерот е отворен оган како предупредување, а потоа дошол тенк и отворил оган врз куќата.

Откриено е дека многу војници се собрале на влезот од населбата и не влегле на тоа подрачје иако поминало доста време од почетокот на нападот на Хамас.

„Надвор стоеја 500 војници и никој не обрнуваше внимание на целата ситуација. Луѓето губеа крв секоја минута, а војската што стоеше надвор изгледа не сфаќаше што се случува“, рече Јаир Авитал од резервната единица што се наоѓала во населбата.

Израелската војска и израелската полиција до денес немаат признаено дека Израелците се убиени како резултат на огнот што го отвориле нивните сили на 7 октомври.