– Министерството за здравство во Газа соопшти дека 133 бебиња на возраст до една година се убиени во Појасот Газа, што Израел го бомбардира со недели.
Министерството објави извештај од 212 страници кој ги содржи имињата, информациите за идентитетот и возраста на загинатите во израелските напади врз Газа од 7 до 26 октомври.
Според извештајот, 2.913 од 7.028 лица кои загинале во израелските напади меѓу 7 и 26 октомври биле деца.
Во израелските напади животот го загубија 444 бебиња, од кои 133 бебиња на возраст до една година, 153 бебиња на едногодишна возраст и 158 бебиња на возраст од 2 години.
Во израелските бомбардирања животот го загубија 171 дете на возраст од 3 години, 1.527 деца од основно училиште (4-13 години) и 523 деца на средношколска возраст (14-17 години).
Се вели дека 2.262 од жртвите во нападите биле жени, а загинале 462 лица на возраст над 60 години.
Во извештајот се нагласува дека не може да се утврди идентитетот на 281 лице кои беа убиени во нападите.
– Убиени се 63 вработени во ОН и 36 новинари
Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) соопшти дека 63 нејзини вработени биле убиени во израелските напади.
Од почетокот на израелските напади на 7 октомври, 35 новинари ги загубија животите во Газа и 1 во Либан.
Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Изедин ал-Касам, започна сеопфатна офанзива утрото на 7 октомври како одговор на континуираните прекршувања на Израел „против Палестинците и нивните свети вредности, особено џамијата Ал Акса“. Потоа, израелската Армија започна интензивно воздушно бомбардирање на Појасот Газа.