– Бројот на палестинските жртви од израелската офанзива во Појасот Газа од 7 октомври се зголеми на 29.092, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.
Министерството соопшти дека 69.028 други лица биле повредени во тековниот напад.
Се додава дека во изминатите 24 часа израелските сили убиле 107 лица, а раниле 145 други.
„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израел започна смртоносна офанзива против Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври. Во израелските напади досега загинаа 29.092 Палестинци, а 69.028 се повредени. Се верува дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас.
Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.