Израелските тенкови извршија напад во Газа! Армијата објави: Баравме заложници и уништивме терористички ќелии
Израелските војници извршија локални рации во Појасот Газа, објавија израелските одбранбени сили.
Пешадиски и тенковски единици на израелската армија учествуваа со цел да ги лоцираат ракетните посади и заложниците, изјави контраадмиралот Даниел Хагари на телевизиски брифинг.
Најмалку 120 заложници се во Газа, соопшти армијата.
Ова може да значи почеток на копнена офанзива во Газа.
,,Значаен број цивили од Газа почнаа да се движат кон југ за да се спасат“, се вели во соопштението на израелската армија.
– Војниците бараа заложници и собираа докази кои ќе им помогнат да ги пронајдат затворениците – се вели во соопштението на ИД.
Војската, исто така, соопшти дека уништила терористички ќелии и инфраструктура лоцирана во областа, вклучително и ќелија на Хамас која истрелала противтенковски проектили на израелска територија.
ИД соопшти дека продолжува со нападите врз цели на Хамас во Газа.