– Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се согласи со предлогот на Катар за прекин на огнот во Газа без претходно за тоа да се консултира со Воениот кабинет, објави израелската државна телевизија КАН.
Давид Барнеа, шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, за време на состаноците на кои учествувал заедно со египетските и катарските официјални лица во Париз, добил одобрение од премиерот Нетанјаху за примирје, со цел продолжување на преговорите во различни фази на договорот меѓу спротивставените страни на судирот.
Извор близок на Воениот комитет рече дека членовите станале свесни за ова прашање по одобрувањето од страна на премиерот.
Во разговор за „Једиот Ахранот“, израелските официјални лица порачаа дека „нема да се согласат со прекин на огнот“ како одговор на барањето на Хамас за ослободување на затворениците во Газа и повлекување на војската од Газа.
Официјалните лица потврдија дека нацрт-договорот предвидува ослободување на 1.500 палестински затвореници, вклучително и „имиња со висок профил“ од израелските затвори.
Зборувајќи за АА, палестинскиот извор соопшти дека Хамас го прифатил планот, во кој се предвидува размена на заробениците во три фази и прекин на огнот во Газа, секоја фаза во траење од 45 дена.