Најмалку 50 Палестинци се убиени во израелски воздушни напади врз две училишта кои обезбедуваа засолниште за раселените луѓе во Дарај во Газа, јавува ВАФА, палестинската државна новинска агенција.
Инаку, борбите меѓу Израел и Хамас продолжија и по истекот на договорот за прекин на огнот во петокот, пренесува Телеграф.
За кршење на примирјето, Израелците и Американците го обвинија Хамас.
„Поради Хамас, оваа пауза заврши“, изјави во петокот портпаролот на Белата куќа за внатрешна безбедност Џон Кирби, додавајќи дека товарот паѓа на Хамас.
Од друга страна, Израел започна со одмазднички напади во Појасот Газа по нападот на 7 октомври, кој Хамас го започна на израелска територија.
Во меѓувреме, бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа надмина 15.500, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Што се однесува до повредените, се вели дека бројката достигна над 41 илјада Палестинци.