Израел бесен по најавата на Макрон за признавањето на Палестина: Тоа е награда за тероризмот

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар ја осуди најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз може да ја признае палестинската држава до јуни, велејќи дека тоа ќе биде „награда“ за тероризмот.

„Едностраното признавање на фиктивната палестинска држава, од која било земја, во реалноста што сите ја знаеме, ќе биде награда за теророт и поттик за Хамас. Таквите дејства нема да ги доближат мирот, безбедноста и стабилноста до нашиот регион, туку напротив – тие само дополнително ги оддалечуваат“, рече Саар во „Х“ во средата навечер.

Речиси 150 земји ја признаа палестинската држава. Во мај 2024 година, Ирска, Норвешка и Шпанија најавија признавање, а потоа и Словенија во јуни, потези делумно поттикнати од осудата на израелското бомбардирање на Газа.

Франција би била најзначајната европска сила која ќе ја признае палестинската држава, потег на кој САД исто така долго се спротивставија, но застапниците го гледаат како неопходен чекор за постигнување стабилност во регионот.

Макрон во средата рече дека Франција планира да ја признае палестинската држава во рок од неколку месеци и може да го стори тоа на конференцијата на ОН во Њујорк во јуни

„Мораме да се движиме кон признавање и ќе го сториме тоа во наредните месеци“, изјави Макрон, кој го посети Египет оваа недела, за телевизијата Франс 5.

Франција долго време се залага за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.