Израел ќе ги затвори своите дипломатски мисии низ целиот свет и нема да обезбедува конзуларни услуги.
Оваа информација стигнала до неколку амбасади низ целиот свет, а ја објави и Министерството за надворешни работи на Израел.
Не беше наведено колку долго ќе бидат затворени претставништвата, но беше посочено дека одлуката доаѓа по ескалацијата на конфликтот со Иран.
Издадени се безбедносни упатства, вклучително и упатства за избегнување на прикажување еврејски или израелски симболи во јавноста, за воздржување од објавување детали за локацијата на социјалните медиуми и за избегнување големи собири поврзани со Израел или еврејските заедници.
„Во случаи на изложеност на непријателска активност, на Израелците им се советува да соработуваат со локалните безбедносни сили и да ги следат нивните упатства“, се вели во соопштението.