Израел ги предупредува иранските граѓани: Ако живеете во близина на воени објекти, вашиот живот е во опасност

Израелската војска издаде предупредување до иранските граѓани кои живеат во близина на иранските воени објекти, велејќи дека „би можеле да бидат цел“ ако останат во своите домови.

„Ве молиме веднаш да ги напуштите овие области за да ги заштитите вашите животи и безбедност. Не се враќајте во вашите домови до понатамошно известување“, се вели во соопштението на израелската армија.

Тие понатаму изјавија дека „присуството во овие области претставува ризик по животот“.

Како што може да се види во соопштението, израелската армија бара од Иранците да ги напуштат областите каде што, како што тврдат, има фабрики за производство на оружје.

Да потсетиме дека нападите на Израел врз Иран продолжија и во текот на ноќта, а целите беа гасните и нафтените полиња во земјата, како и цивилната инфраструктура во Техеран.

Од друга страна, Иран изврши ракетен напад врз Израел во два брана во текот на ноќта. Според локалните власти во Израел, најмалку седум лица се убиени.