Израел ги прекина преговорите за примирјето во Катар – Ова се деталите

Преговорите за продолжување на примирјето „пропаднаа“, објави Си-Ен-Ен.

Конфликтот меѓу Израел и Хамас влезе во својот 57-ми ден.

Примирјето меѓу Хамас и Израел беше прекинато во петокот рано наутро .

Палестинските медиуми објавија израелски воздушни и артилериски напади низ енклавата по завршувањето на примирјето, вклучително и во градот Рафах, кој се наоѓа покрај египетската граница. Убиени се повеќе од 178 Палестинци .

Израел му нареди на преговарачкиот тим на Мосад во Доха да се врати во Израел поради, како што рече, „ќорсокак“.

– По застојот во преговорите и според наредбите на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Дејвид Барнеа, шеф на Мосад, му нареди на својот тим во Доха да се врати во Израел – стои во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.