Иран вечерва потврди дека Мохамед Каземи, шефот на разузнавачката единица на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), е убиен во воздушни напади.
Според иранската новинска агенција Тасним, блиска до ИРГК, Каземи бил убиен заедно со неговиот заменик Хасан Мохакек и командантот Мохсен Бакери за време на нападите што се случија во неделата.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави за американската телевизија Фокс њуз дека израелските сили „ги заробиле главниот разузнавачки офицер и неговиот заменик во Техеран“, што се толкува како директна алузија на гореспоменатите ирански функционери.
Властите во Иран засега не објавија повеќе детали за природата и локацијата на нападот.