Израел гневен! Поради изјавата на Милановиќ, бараат радикални мерки: Хрватскиот претседател сериозно ги навреди, не можат да премолчат
Илан Мор, поранешен амбасадор на Израел во Хрватска, ја нарече тотално неприфатлива изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека Израел ги загубил симпатиите поради бомбардирањето на Газа.
Изјавата на Милановиќ ја пренесоа неколку израелски новинари на социјалната мрежа Х, каде што зборуваше и поранешниот амбасадор во Загреб.
– Неприфатливо! Тотално неприфатливо – напиша Мор.
Новинарот Јозеф Израел, на чија порака се надоврза Мор, наведува дека Израел треба да го повлече амбасадорот Гери Корен од Хрватска поради изјавата на Милановиќ.
Зоран Милановиќ, да потсетиме, изјави дека израелското бомбардирање на Газа е „идиотски потег“ како одговор на новинарските прашања за истакнувањето на израелското знаме на зградата на Министерството за надворешни работи во Загреб.
– Мислам дека тоа е идиотски потег, со сите мои симпатии кон Израел, кој за жал ги загуби во рок од 15 минути. По масакрите и ѕверствата што ги направи Хамас, кои никому на Блискиот Исток не му се допаѓаат, ниту една влада, но за жал се чини дека народот или дел од народот ги сака. Во Хрватска нема место за други знамиња, освен во строго регулирани ситуации, како што се овде знамињата на националните малцинства или знамето на НАТО или знамето на ЕУ, кои веќе почнаа да се поставуваат на исто ниво со хрватското знаме. Ќе го спуштам знамето на ЕУ и НАТО во мојот кабинет, малку, не на половина копје. Само да видам дека хрватското знаме е над тие затоа што е знаме од повисок ред – рече претседателот на Хрватска.