ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК: Ракети „Далила“ погодија седумкатна станбена зграда и основно училиште!

Израелски борбени авиони Ф-16И Суфа доцна синоќа го нападнаа Дамаск. Цел на нападот бил аеродромот во сириската престолнина, како и локациите на кои престојуваат припадници на Иранската револуционерна гарда.

Според извештаите од теренот, силите за воздушна одбрана дејствувале борбено и успеале да соборат некои ракети, но некои погодиле објекти за кои сириската влада тврди дека се цивилни цели.

Од местото на трагедијата пристигнаа првите слики од уништените згради. Според сириските власти, погодена е станбената зона Кафр Сосех во Дамаск. Седумкатница била погодена во израелскиот напад.

Нападот е извршен со крстосувачки ракети „Далила“, лансирани од борбен авион Ф-16И Суфа.

Од друга страна, се појавија и информации дека мета била воздушната база Ал Мезах. Инаку, оваа воздухопловна база се граничи со меѓународниот аеродром во Дамаск. Израелските разузнавачки служби овде ја пронајдоа базата Ал Мезах како главна точка за снабдување со иранско оружје во Сирија и пристигнувањето на припадниците на бригадата Ал Кудс.

Израел одговори дека погодената зграда не била цивилна цел. Всушност, беше погодено основно училиште што го користеа припадниците на бригадата Ал-Кудс и Хезболах.