Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извршиле серија воздушни напади врз цели низ Јемен. Нападите дојдоа како одговор на нападите на бунтовниците Хути, кои истрелаа неколку ракети врз цели во Израел во последните неколку недели.
Целта на ИД беше Меѓународниот аеродром Сана, електраните Хиџаз и Рас Канатиб, како и воената инфраструктура и пристаништата на западниот брег на Јемен, објави Би-Би-Си.
Во соопштението се вели дека воените цели биле користени од Хутите за „криумчарење иранско оружје“ во регионот, како и за олеснување на влезот на иранските власти.
Хутите се опишани како „централен дел од иранската терористичка оска“, а нивните напади врз меѓународните бродски и трговски патишта, според ИД, „продолжуваат да го дестабилизираат регионот и поширокиот свет“.