Израел го напаѓа Иран со проектили

Израел изврши одмазднички напад против Иран во раните утрински часови во петокот, потврдија американските власти.

Познато е дека израелската држава лансираше многу ракети во правец на Иран.

Повикувајќи се на двајца неименувани американски функционери, странските медиуми објавија дека израелските власти претходно предупредија дека ќе го нападнат Иран.

Досега ниту Израел ниту САД официјално не ја коментираа пријавената воена акција, пренесува Телеграф.

Како што е соопштено, експлозиите се случиле во близина на Исфахан, град на околу 340 километри јужно од Техеран, кој вклучува голема воздушна база и нуклеарни постројки.

Но, потврдено е дека нуклеарниот објект е целосно безбеден.

Инаку, очигледната израелска одмазда доаѓа само неколку дена откако Иран лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, од кои повеќето беа уништени од Израел и неговите сојузници.

Нападот предизвика страв од голема ескалација на конфликтот, бидејќи регионалните тензии се зголемија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.