Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до своите граѓани да не патуваат во Турција и Мароко, наведувајќи ги стравувањата дека израелските патници ќе бидат цел на оние кои се лути поради тековната војна меѓу Израел и Газа. Тие додадоа дека нивото на опасност за Турција е подигнато на 4 и затоа ги повикаа сите Израелци да ја напуштат Турција што е можно поскоро, пишува The Times of Israel .
Се зголемува бројот на антисемитски напади
За Мароко нивото на опасност е зголемено на 2, а израелските туристи се повикуваат да бидат дополнително внимателни. Да потсетиме, полицаец пред десет дена уби двајца израелски туристи и нивниот водич. Тоа беше прв таков напад врз Израелците во Египет во последните децении.