– Израелската војска забрани пристап до пограничното подрачје од 1.000 метри во Појасот Газа и по должината на поставената гранична ограда.
Портпаролот на израелската армија изјави дека областа ја класификувале како „бојно поле“ и дека секое влегување се смета за опасно.
Израелската војска го засили своето воено присуство и распореди тенкови во близина на границата со Газа како подготовка за копнената операција во блокираната палестинска енклава.