– Најмалку 36.731 Палестинец се убиени во израелската тековна офанзива врз Појасот Газа од минатиот октомври, соопшти Министерството за здравство во опколената енклава.
Во соопштението се додава дека 83.530 лица се повредени во нападите.
„Во изминатите 24 во израелските напади загинаа 77 лица, а беа повредени 221 едно лице“, се додава во соопштението.
„Многу тела сè уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Пo oсум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини среде исклучителната блокада на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што засолниште од нападите побараа над еден милион Палестинци.