“ИЗРАЕЛ ЈА ПОМИНА ГРАНИЦАТА!“ – Земја-членка на НАТО со остри реакции за случувањата во Појасот Газа

Премиерот на Норвешка, Јонас Гар Шторе, изјави денес дека одговорот на Израел на нападот на Хамас е непропорционален и дека ги прекршува правилата на меѓународното право.

Меѓународното право пропишува дека реакцијата на таков напад мора да биде пропорционална“, изјави премиерот Јонас Гар Шторе во интервју за норвешкиот јавен сервис, пренесуваат странските медиуми.

Тој посочи дека мора да се води сметка за цивилите, што е пропишано со одредбите на хуманитарното право.

Верувам дека Израел сега далеку ја мина границата“, вели Јонас Гар Шторе и додаде дека негова примарна грижа е итната хуманитарна помош да пристигне навреме во Појасот Газа.

Во петокот Норвешка гласаше за резолуција на Обединетите нации со која се повикува на хуманитарен прекин на огнот и прекин на непријателствата во разурнатата палестинска енклава.

Оваа ситуација е катастрофална и верувам дека е јасно кршење на она што го нарекуваме правила на војна или хуманитарно право. Многумина стравуваат дека ескалацијата што ја гледаме сега може да предизвика многу поголем и потраен конфликт во регионот“, предупреди премиерот на Норвешка.