По вчерашните убиства на Газанците од страна на израелската армија, во кои загинаа повеќе од 100 Палестинци, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека подготвува закон со кој на израелските војници ќе им се даде земјиште за изградба на домови по воениот рок.
На прес-конференција тој посочи дека нема да прави отстапки иако расте меѓународниот притисок за прекин на војната против Хамас.
Нетанјаху најави дека подготвува „закон кој на војниците ќе им обезбеди повеќе бенефиции по завршувањето на службата на ИД, вклучително и доделување земјиште за изградба на куќи“.
Израелскиот лидер потврди дека вложува континуирани напори за враќање на заложниците, пренесува timesofisrael .
„Нема да капитулираме пред заблудните барања на Хамас. Решени сме да ги вратиме сите заложници“, истакна шефот на израелската влада.
Инаку, Израел започна воена офанзива на палестинските територии по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври во Тел Авив.