,,Илоне, стави ми чип, сакам да сум машина” – Плејбој зајачица поднесе барање за да ѝ се стави имплант во мозокот за да стане супержена (ФОТО)

Кајла Кајден (35) е поранешна манекенка на Плејбој и порно актерка која доброволно се пријавила да биде првата личност на која и’ бил вграден нов мозочен чип во черепот.

Британски ,,Сан” наведува дека таа одлучила да стане првото „хибридно човечко суштество“ во светот откако добила уред од компанијата „Неуралинк“ во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск.

Кајден се понуди за првите човечки испитувања на чипот, кои се очекува да започнат во следните шест години.

Неуралинк ветува дека ќе биде врската помеѓу луѓето и машините , дозволувајќи им на човечките суштества директно да се поврзат со напредната технологија користејќи го нивниот мозок.

Кајла рече дека чипот на Неуралинк е како „ботокс за мозокот“ и се понуди на Маск за тестирање на луѓе.

Манекенка од Лас Вегас се надева дека имплантот ќе и’ ја зголеми моќта на мозокот .

– Луѓето користат ботокс за лице, и ова ќе биде исто, но ќе биде за мозокот. Нема да морам да се грижам за ефектите што стареењето би ги имало врз мојот мозок. Како хибридно човечко суштество би имала неограничени можности – изјави Кајла.

Таа изјавила дека издвоила пари за оваа постапка и тврди дека веќе се пријавила да биде „морско прасе“.

Кајла Каден

Сепак, ,,Сан” наведува дека во моментов апликациите за пробна примена на чипот Неуралинк се резервирани само за пациенти кои страдаат од парализа.

Се потсетува дека Маск го започна овој проект во 2016 година и дека верува дека неговиот мозочен чип ќе ги спои луѓето со вештачката интелигенција на долг рок.

Кајла Кајден, Кајла Кајден

Според мислењето на Маск, ова би бил единствениот начин човештвото да преживее и да се натпреварува со машините.

Чипот на Неуралинк досега беше тестиран само кај примати на мајмуни за кои овој уред навистина овозможи интеракција со машините, па животното ја играше видео играта „Понг“ само користејќи мисли и „телепатски“ бараше храна.

Илон Маск

Кајла се надева дека овој чип ќе ја претвори во Супержена.

– Ќе можамнда се искачам на Монт Еверест на 90 години, да работам и кога немам компјутер пред мене. Во однос на безбедноста, помалку би се плашела да одам некаде сама и никогаш нема да морам да се грижам каде одам или да го имам телефонот во рака. Не би прашала ништо затоа што секогаш и самата можев брзо да го добијам одговорот. Мислам дека ова ќе ме направи попаметна, сакам да го направам тоа. Сакам да бидам делумно машина – изјави Кајла.