Илон Маск , шеф на американското Министерство за владина ефикасност (DOGE), смета дека американската агенција за меѓународен развој треба – да умре!
Маск на својот профил на X платформа напиша: „ УСАИД е криминална организација. Време е таа да умре“.
Тој го објави ова откако бројни американски медиуми објавија дека двајца високи безбедносни функционери на УСАИД биле суспендирани по судир со персоналот на ДОГЕ.
USAID is a criminal organization.
— Elon Musk (@elonmusk) February 2, 2025
Time for it to die. https://t.co/sWYy6fyt1k
Имено . на агенциските системи, пренесува CNN, повикувајќи се на повеќе извори.
Персоналот на ДОГЕ физички се обиде да влезе во седиштето на УСАИД во Вашингтон, но беше спречен. Според два извори, тие инсистирале да им се дозволи пристап, дури и се заканувале дека ќе ги повикаат американските маршали за да обезбедат влез.
Три извори велат дека се обиделе да добијат пристап до безбедносните системи и персоналните досиеја, додека двајца од нив тврдат дека сакале и пристап до доверливи информации.
Ворхис и неговиот заменик се последните во низата функционери кои се суспендирани поради стравувањата дека администрацијата на Доналд Трамп намерно ја растура УСАИД. Си-Ен-Ен објави дека се шират гласини дека Трамп планира да потпише извршна наредба со која ќе се спои УСАИД со Стејт департментот, што демократските пратеници го сметаат за незаконски.
УСАИД дистрибуира милијарди долари годишно ширум светот за ублажување на сиромаштијата, лекување на болести и одговор на глад и природни катастрофи . Според Конгресната служба за истражување, агенцијата има повеќе од 10.000 вработени (не сметајќи ги работниците со договор), од кои две третини се лоцирани во странство.
Околу 60 високи функционери на УСАИД беа суспендирани минатата недела поради наводен обид да ја заобиколат извршната наредба за суспендирање на странската помош. Уште еден висок функционер беше ставен на принуден одмор откако се обиде да ја поништи оваа одлука.
Еден извор тврди дека целиот оддел за односи со јавноста на УСАИД е суспендиран и исклучен од системот, според Си-Ен-Ен.