Во неделата имаше информации дека Илон Маск ќе го смени логото на Твитер и оваа промена би значела дека познатата „птица“ на Твитер ќе си замине.
И преку твит на својот профил, Маск го откри новото лого.
Вака изгледа нашето седиште вечерва“, напиша извршниот директор на компанијата приложувајќи фотографија.
Новото лого е буквата „Х“, буква по која изгледа дека Маск е страственик.
Понатаму, ова лого се чини дека е поврзано и со неговата друга компанија која гради вселенски ракети, Space X.
Промената доаѓа откако најбогатиот човек на светот го помина викендот објавувајќи го ребрендирањето на платформата за социјално вмрежување што ја купи минатиот октомври за 44 милијарди долари.