Илон Маск ја продаде својата социјална мрежа „Х“ на својата компанија за вештачка интелигенција „xAI“ во договор што вклучува акции вредни 33 милијарди долари, објави американскиот милијардер.
Двете компании се во приватна сопственост, што значи дека од нив не се бара да ги откриваат своите финансии на јавноста.
Маск во објава на X рече дека овој потег „ќе отклучи огромен потенцијал со комбинирање на напредните способности и експертиза за вештачка интелигенција на X со огромниот дострел на X“. Тој рече дека договорот го вреднува xAI на 80 милијарди долари и X на 33 милијарди долари.
Маск, кој е извршен директор на Tesla и SpaceX, како и советник на претседателот Доналд Трамп, ја купи страницата порано позната како Twitter за 44 милијарди долари во 2022 година, го отпушти персоналот и ги смени политиките за говор на омраза, дезинформации и проверка на корисниците, а брендот го преименува во X. Го лансираше „xAI“ една година подоцна.
– Иднината на „xAI“ и „X“ се испреплетени. Денес и официјално правиме чекор кон комбинирање на податоци, модели, компјутери, дистрибуција и таленти. Оваа комбинација ќе отклучи огромен потенцијал со спојување на напредните способности за вештачка интелигенција и експертиза на X со огромниот дострел на X“, напиша Маск на X.
Не е јасно дали овој потег ќе промени нешто за корисниците на социјалната платформа „Х“.
xAI веќе користи податоци од кориснички објави на X за да ги приспособи своите модели со вештачка интелигенција, а корисниците кои плаќаат на X имаат пристап до неговиот чат-бот за вештачка интелигенција, Grok.