Илон Маск има нов план и не го крие: Сака да го сруши Јутјуб

Милијардерот и сопственик на платформата X откри дека оваа платформа наскоро ќе овозможи видео содржини со долга форма на паметните телевизори.

Одговарајќи на барањето на корисникот, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори. Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе личи на апликацијата YouTube за ТВ, што укажува на амбициите на Маск да ја направи услугата конкурент на платформата на Google. Платформата X додава многу нови функции во последниве месеци, а Mаск веќе ја изрази својата намера да го претвори X во супер апликација која може да направи сè – испраќање пораки, плаќање, но и гледање видео содржини со долги форми.