Илон Маск основаше нова фирма xAI за да ја разбере природата на универзумот

 Технолошкиот милијардер Илон Маск објави дека е основана нова компанија xAI, со цел да се разбере вистинската природа на универзумот.

 Технолошкиот милијардер Илон Маск објави дека е основана нова компанија xAI, со цел да се разбере вистинската природа на универзумот, пренесува Анадолу.

Компанијата објави на веб-страницата дека луѓето можат да се сретнат со нејзиниот тим и да поставуваат прашања во разговор на Твитер Спејсес што ќе се одржи во петок.

„Претходно работевме во Дип Мајнд, Оупен Ол, Гугл Рисрч, Мајкрософт Рисрч, Тесла и Универзитетот во Торонто“, наведува тимот.

Тие додаваат дека го воделе развојот на некои од најголемите откритија во оваа област, вклучително и Алфа Стар, Алфа Коуд, Инсепшн, Минерва, GPT-3.5 и GPT-4.

Во март Маск и голем број технолошки експерти повикаа на пауза во експериментите и системите за вештачка интелигенција (ВИ) во отворено писмо, наведувајќи ги ризиците за општеството и човештвото.

Тој е извршен директор на американскиот производител на вселенски летала и компанија за сателитски комуникации Спејс Икс и производителот на електрични автомобили Тесла.