ИЛОН МАСК ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКА ХАОС СО ТВИТ: Ќе ги забранам уредите на Apple, тоа е неприфатливо нарушување на безбедноста!
Илон Маск даде свое мислење за плановите на Apple за вештачка интелигенција.
Маск , кој основаше сопствен xAI, објави на платформата X дека ако Apple интегрира OpenAI на ниво на оперативен систем, уредите на Apple ќе бидат забранети од неговата компанија.
Тој ја нарече оваа интеграција „неприфатливо нарушување на безбедноста“.
Apple и OpenAI имаат имплементирано заштитни мерки, а OpenAI тврди дека барањата на корисниците за прашања не се складирани од OpenAI.
Спротивно на тоа, Маск може да побара од посетителите на платформата X да ги проверат своите уреди на Apple.
If Apple integrates OpenAI at the OS level, then Apple devices will be banned at my companies. That is an unacceptable security violation.
— Elon Musk (@elonmusk) June 10, 2024