Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, ќе добие дури милијарда долари ако ги постигне амбициозните цели на компанијата поставени од нејзиниот Одбор на директори во следните 10 години.
Меѓу овие цели се зголемување на вредноста на компанијата за осум пати, продажба на еден милион роботи со вештачка интелигенција и продажба на уште 12 милиони автомобили. Сумата од милијарда долари нема да се исплати во плата или бонус, туку во акции што би ги добивал постепено, а кои би вределе милијарда долари.
„Растот што сега изгледа невозможен може да се постигне со нови идеи, подобра технологија и поголема иновација. Едноставно кажано, задржувањето и охрабрувањето на Елон е клучно за да се направи Тесла највредната компанија во историјата“, рече претседателката на одборот на Тесла, Робин Денхолм.
Според неа, распределбата на акции ќе ги поттикне супериорните способности на визионерски лидер, осврнувајќи се на Маск, кој веќе е најбогатиот човек во светот.
Сето ова се случува откако Маск минатиот месец доби акции во вредност од 29 милијарди долари, по пресудата на американскиот суд со која се поништи неговата награда од 50 милијарди долари во акции. Како причина за оваа пресуда, судот посочи дека распределбата на акции во вредност од 50 милијарди долари би била неправедна кон акционерите, пренесува Би-Би-Си.