Кочани денеска е во тажен молк. Роднините, пријателите и граѓаните тивко пристигнаа на градските гробишта за да им оддадат последна почит на загинатите во пожар во ноќен клуб.
На градските гробишта имаше илјадници луѓе, но владееше тишина. Тишината повремено ја прекинуваа лелеците на најблиските.
Погребната церемонија ја обезбедуваше полицијата и обезбедувањето. Присутни беа бројни новинарски екипи од земјава и странство, кои снимаа и фотографираа од подалечна локација, според планираниот протокол, за да не се повредат чувствата на семејствата.