“ИМАВМЕ ОДНОСИ ПО ЧЕТИРИ ПАТИ ВО ЕДНА НОЌ, ЦЕЛИ 23 ГОДИНИ!“ – Поранешната сопруга на НБА легендата искрено проговори за својот интимен живот: “Без одмор…“
Ларса Пипен (48 г.) повторно е во центарот на вниманието на таблоидите. Поранешната сопруга на легендарниот НБА играч Скоти Пипен (57 г.) сега е во љубовна врска со синот на Мајкл Џордан, Маркус, а нејзината последна изјава предизвика бура на социјалните мрежи. Таа јавно и отворено зборуваше за интимните односи со поранешниот сопруг.
„Секогаш водев љубов со него четири пати навечер. Така беше секоја вечер, никогаш немавме слободен ден во тие 23 години“, кажала Ларса. Таа со него има четири деца, Скоти Џуниор (22 г.), Престон (20 г.), Џастин (17 г.) и Софија (14 г.). Сега таа е во врска со Маркус Џордан (32 г.) и сака да има дете со него.
Инаку, интересно е што Маркус и Ларса се запознале додека таа сè уште била во брак со Скоти. Тоа се случило во 2019 година на забава, а двајцата се разведоа во 2021 година.
„Се запознавме само пред неколку години. Тој поминуваше низ развод со неговата тогашна сопруга“, кажала Ларса и додала дека „сигурно ќе го смени презимето кога следниот пат ќе се омажи“. Погледнете како таа изгледа: