ИМАЛ МОДРИНКИ НА ЛИЦЕТО – На германскиот канцелар не му оди толку добро: Шолц падна во трчање, морал да ги откаже сите активности

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска требаше да присуствува на отворањето на регионалната изборна кампања во Хесен. Сепак, канцеларот мораше да ги откаже сите активности поради повреда.

Според германските медиуми, Шолц би требало да одмора неколку дена, а од неговиот кабинет соопштија дека повредата ја заработил додека трчал.

„Поради спортска повреда, канцеларот Олаф Шолц мораше да го откаже планираното пристигнување на почетокот на изборната кампања во Хесен. Шолц падна додека трчаше и се здоби со модринки на лицето рекоа од кабинетот.

Падот на канцеларот го коментираше и функционерот на СПД, Мајкл Рот, кој рече дека ќе се одложат сите активности на Шолц кои се поврзани со изборната кампања.

„Канцеларот имаше спортска несреќа во саботата. Не му оди толку добро и за жал сите настани ќе мора да бидат откажани, вклучително и неговата посета на Херинген“, изјавил Рот.