,,Имаме муниција за 12 минути борба” – Невиден шок за Украина на источниот фронт: Русите подготвени за напад на Купјанск!?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека Русија концентрирала најголем дел од своите резерви во областа северно од градот Купјанск.

Ова е предизвик со кој наскоро би можеле да се соочат припадниците на украинската 32 бригада, кои се задолжени за одбрана на територијата.

– Ни напаѓаат и ја пробиваат бодликавата жица за да можат да поминат – им рекол на британските новинари еден војник со уморен изглед по име Саша.

Тој наведува дека Русите до пред некој ден ги напаѓале нивните позиции еднаш или двапати дневно, но сега нападите се континуирани.

Зеленски е очаен да ја ресетира и вооружи украинската војска и предупреди дека „вештачкиот дефицит“ на оружје и’ дава простор на Русија за напад. Водечките американски воени функционери го делат тој став и нагласуваат дека бранот може да се претвори во „значајна предност“ на Русија поради 60 милијарди долари од американското финансирање за Украина што беше блокирано од поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп во Конгресот.

Британските новинари пронајдоа членови на противтенковска единица кои се борат да го опремат нивниот единствен ракетен фрлач. За оживување на базука од советската ера беа користени шрафцигери и чекан. Командантот наведува дека доверливоста на оружјето е проблем, но дека недостигот од гранати е многу поголема главоболка.

– Имате ли доволно гранати – прашаа новинарите.

– Не, не се доволни. Имаме доволно за 12, 13, 15 минути борба. Тоа е тоа – одговара командантот со прекар Август.

– А после 12 минути? Што тогаш – продолжија новинарите.

– Ќе го земеме автоматот и ќе пукаме – мрачно одговори тој.

Руските воени блогери, да потсетиме, тврдат дека американскиот тенк Абрамс бил уништен кај Авдијивка за првпат од почетокот на војната!