Имате главоболка после пиење црвено вино? Научниците открија зошто тоа се случува

Научниците од Центарот за главоболка на Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско веруваат дека ја пронашле причината за главоболката предизвикана од консумирањето црвено вино, пишува Гардијан.

Американските истражувачи објавија дека главоболката е предизвикана од фенолни флавоноиди, соединенија кои се наоѓаат во семките и кората на грозјето кои му даваат боја и вкус на црвеното вино.

Нивото на флавоноиди може да биде за 10 проценти поголемо во црвените вина од белото, открива истражувањето. Кога се пие вино, алкохолот се метаболизира во два чекори – првиот е промената на алкохолот во форма на етанол во ацеталдехид, додека вториот го претвора ацеталдехидот во ацетат.

Еден од истражувачите, професорот Ендру Вотерхаус, правел лабораториски истражувања на неколку соединенија во црвеното вино. Фланавол кверцетинот, кој се наоѓа исклучиво во црвеното вино, се претвора во различни материи во организмот.

Еден од нив, кверцетин глукуронид (гликозидно соединение на глукуронска киселина) ги блокира ензимите кои го претвораат ацеталдехидот во ацетат, што предизвикува токсичен ацеталдехид да се акумулира во телото и да предизвика главоболки, гадење и потење.

Научниците се надеваат дека наскоро ќе можат да ја тестираат теоријата во клиничка студија фокусирана на тоа како црвените вина со различни нивоа на кверцетин влијаат на појавата на главоболки или кај почувствителните поединци, мигрена. Сончевите зраци, веруваат истражувачите, го зголемуваат нивото на кверцетин во грозјето, а плодовите што растат изложени на сонце имаат 5 пати повисоки нивоа на супстанција во споредба со другите грозје.

 – Би можело многу да им помогне на луѓето кои консумираат црвено вино да можат да изберат вино што не предизвикува главоболки. Исто така, нашето истражување може да биде корисно за винарите во намалувањето на кверцетинот во нивното грозје – изјави Морис Левин, директор на центарот.