Има милиони а шета бос по улица!? Канје Вест повторно е снимен во бизарна комбинација, а потоа бил ,,фатен” со непријателот! ФОТО
Музичарот и моден дизајнер Канје Вест (45) уште еднаш ја шокираше јавноста откако фотографите го фотографираа на улиците на Лос Анџелес.
Без чевли, бос се шетал по улица, а потоа налетал на прегратките на својот „стар непријател“ – Ајс Куб (53). Изгледа дека дошло до помирување меѓу раперите бидејќи се гушкале и не ја криеле насмевката од нивните лица.
Ајс Куб носеше подобра модна комбинација. Носеше црн аутфит, но што е најважно, носеше и патики.
Конфликтот меѓу раперите се случи минатата година кога Канје беше мета на критики за голем број антисемитски изјави.
Инаку, раперот и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори веќе биле видени во овие смели модни комбинации и претходно. И двајцата беа само во чорапи, тој во светло сини, а Бјанка реши да се сокрие од љубопитните очи со маица што ја навлече преку глава.
Како и да е, многу необично, дури и според стандардите на Канје Вест…