ФОТО | ХОРОР ВО СЛОВЕНИЈА – Убиени две лица во центарот на Љубљана, сторителот пронајден мртов – откриена позадината на страшното злосторство ?

Во главниот град на Словенија, Љубљана, денес околу 15 часот одекнале истрели, јавува телевизијата N1. Како што соопштиле од полициската управа во Љубљана, две лица го загубиле животот од прострелни рани на местото на настанот, а подоцна е пронајдено уште едно починато лице за кое се претпоставува дека е сторителот.

Љубљана, Словенија

Собирањето информации и утврдувањето на сите околности сè уште е во тек, пренесува Slovenske news.

Како што неофицијално дознаваат словенечките медиуми, насилникот по пукањето побегнал со автомобил, а со себе наводно имал уште оружје и рачна бомба.

Тој го запрел автомобилот во реонот на Поље, излегол од него и потоа ја донел својата одлука, јавува RTV, но полицијата се уште официјално не ја потврдила оваа информација.

Бараме да ги почитувате упатствата на полициските службеници и на лице место да не ја попречувате работата на итните служби“, велат од Управата на полицијата во Љубљана.

Љубљана, Словенија

Според неофицијални информации, денешниот настан е ескалација на спор меѓу тројцата мажи. Сопственикот и косопственикот на заложништвото наводно пиеле кафе на терасата кога им пришол трет човек. Биле деловно поврзани меѓу себе, а првите двајца наводно му должеле на третиот, пренесува 24ur.