Има 62 години и луѓето се прашуваат како успева да изгледа толку добро: Ова се строгите правила според кои живее
Строго си забранувал одредени работи
Многумина се прашуваат која е тајната на младешкиот изглед на Том Круз кој гордо е во седмата деценија и изгледа многу помладо . Како што открива „Дејли мејл“ и извори од рестораните во кои излегува, Том Круз (62) обично нарачува бела риба на пареа со салата .
Тој строго си забранил алкохол . Исто така, холивудската суперѕвезда тренира редовно, почнувајќи од шест и пол наутро . Штом ги отвори очите оди во теретана.
Како што пренесуваат некои медиуми, наместо три оброци дневно, Том Круз има – 15 помали . Во текот на денот се труди да не внесува повеќе од 1200 калории , а избегнува брза и преработена храна , се со шеќер и јаглехидрати.
Том Круз има личен готвач кој најмногу му подготвува скара и наместо грицки купува свежо овошје . Менито вклучува и лосос, овес, боровинки, ѓумбир, цвекло, брокула, домати, спанаќ, јаткасти плодови, а понекогаш и темно чоколадо. Тој користи и суплементи.
Познатиот актер строго се придржува до својата диета која, мора да се признае, делува доста строга. Сепак, покрај исхраната, клучна е физичката активност . Актерот секој ден станува во 5:30 часот за да оди во теретана , што се гледа на неговото тело кое е во завидна форма и му пркоси на годините .