Има 70 години а има тело како супермодел: Брижит Макрон во најженствениот мини фустан што некогаш сте ја виделе (фото)
Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон е голем обожавател на кратки здолништа и фустани, но има едно важно правило.
Откако стана прва дама на Франција, Брижит Макрон, сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон, привлекува внимание со својот стил и љубовта кон пократките здолништа и фустани.
Шармантната поранешна учителка не се двоуми да коментира дали жената на нејзина возраст треба да носи облека над колена и да ужива во модата, а за секоја пригода инзвонредно е облечена.
Така беше и при посетата на познатиот музеј Лувр, каде таа и нејзиниот сопруг Емануел ги разгледаа некои од највредните уметнички дела во историјата на човештвото и ја посетија изложбата „Неапол во Париз“ во друштво на претседателот на Италија.
За овој официјален ангажман, француската прва дама избра многу шик фустан во А линија, модел со долги ракави и ефективно деколте.
Станува збор за парче кое го нагласува струкот со помош на кожни ремени со златни детали и е многу елегантно, а го почитува и правилото на Брижит за краток, но не и мини фустан.
– Носам здолништа над коленото, но не и мини – изјави еднаш госпоѓа Макрон.
-Кога бев помлада, признавам, сакав да носам мини здолништа, јас и моите пријатели само ги криевме во торбите кога излегувавме од дома. Одевме до крајности околу тоа – од прекратки до предолги здолништа, и се сеќавам дека беше така додека баба ми еднаш не ме фати во долго здолниште и ми рече:
„Боже мој, изгледаш како баба во тоа“. Оттогаш никогаш повеќе не ги носев – изјави еднаш Брижит во интервју за француски Elle.