Индискиот премиер објави фотографија од лимузината на Путин: „Разговорите со него се секогаш проницливи“

Индискиот премиер Нарендра Моди моментално е во Кина, каде што ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.

Моди е во Тјанџин за самитот на Шангајската организација за соработка што започна во неделата.

Индискиот премиер објави фотографија со рускиот претседател Владимир Путин и рече дека имал „проницлив“ разговор.

Двајцата лидери поминаа 45 минути во лимузина, по што Моди објави фотографија со комплимент упатен до Путин.

„Претседателот Путин и јас патувавме заедно до местото на нашата билатерална средба. Разговорите со него секогаш се проницливи“, напиша Моди покрај објавата.

Ве потсетуваме дека американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50 проценти за стоки од Индија како начин да ја казни земјата за купување руска нафта и оружје.