Индија и Пакистан во клинч, светот е вознемирен, Иран го вади костенот од огнот! Дали светот се движи кон уште еден крвав конфликт?! Напнатоста е на врвот, што се случува во Азија?
Арагчи ќе се сретне со својот пакистански колега Ишак Дар, како и со претседателот Асиф Али Зардари и премиерот Шехбаз Шариф.
Пакистанскиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја го поздравува медијацијата за ублажување на тензиите со Индија.
Посетата на Арагчи е прва на странски функционер од избувнувањето на тензиите, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.
Посетата доаѓа само неколку дена откако Техеран понуди помош за ублажување на тензиите меѓу Индија и Пакистан.
Пакистанските вооружени сили се во состојба на висока готовност од минатата недела, откако министерот Аталах Тарар изјави дека Исламабад има доверливи разузнавачки информации дека Индија би можела да го нападне Пакистан
како одговор на нападот од 22 април во туристичкиот град Пахалгам во Кашмир, во кој загинаа 26 туристи, претежно хиндуисти.
Пакистан негираше каква било улога во нападот и понуди да спроведе меѓународна истрага.
Њу Делхи досега не ја прифати понудата, а неколку светски лидери, вклучително и американски претставници, ги повикаа двете страни да покажат воздржаност и да избегнат понатамошна ескалација.
Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете земји тврдат дека ја поседуваат целата територија.
Двете земји во минатото водеа две војни за тој хималајски регион.
Се поставува прашањето, дали светот брза во уште еден конфликт?