Два авиони на индиското воено воздухопловство се урнаа денеска, при што загина еден пилот.
Авионите биле на рутинска мисија за обука за летање. Наредена е истрага за откривање на причините за несреќата.
Несреќата се случила во близина на градот Гвалиор во државата Мадја Прадеш. Официјални лица претходно соопштија дека едниот авион се урнал во Мадја Прадеш, а другиот во соседната држава Раџастан.
Не беше прецизирано за каков тип на авион се работи, но медиумите објавија дека се работи за авиони Сухој-30 и Мираж 2000.