Индустриското производство во октомври е зголемено за 9,9 отсто

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, е поголемо за 9,9 отсто, објави Државната агенција за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и каменолом во текот на октомври 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, бележи пораст од 15,9%, во секторот Преработувачка индустрија зголемување од 8,2%, а во Електричната енергија. Секторот снабдување, гас, пареа и климатизација бележат пораст од 19,0%.

Раст во секторот Преработувачката индустрија главно е резултат на зголемувањето на производството во следните одделенија: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други производи неметални минерали, Производство на машини и опрема, неспомнати или вклучени на друго место, и производство на возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, бележи пораст кај Енергијата за 11,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9%, Капитални производи за 27,5% и Нетрајни производи на трајни производи за широка потрошувачка за 11,4%, а намалување е забележано кај трајните производи за широка потрошувачка за 28,0%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 1,7. проценти.