Инстаграм добива ново „визуелно освежување“, кое ќе вклучува ново лого, фонт и маркетингшки распоред на цел екран. Како што наведува компанијата, новиот дизајн ја става содржината во центарот со фокус на едноставноста и самоизразувањето.
За новиот логотип и гардиент тие користеле иновативен процес на 3D моделирање за да го направат поживописен.
– Возбудени сме што можеме да го оживееме искуството на Инстаграм, преку енергијата на нашиот презамислен гардиент, се наведува во соопштението на компанијата.
За време на дизајнот на Санс, целта беше фонтот да се направи глобално достапен, а тоа беше постигнато со партнерство со експерти за јазици ширум светот за да се прилагоди социјалната мрежа на глобалните писма, вклучувајќи арапски, тајландски и јапонски, пишува „Магазин Новости“.
-Инстраграм Санс е инспириран од дизајнерските елементи кои нашата заедница ги гледа секој ден, нашето лого и натпис. Нашиот нов фонт го нагласува нашиот посебен идентитет. Новиот фонт ќе биде дел од Instagram Stories и Reels, заклучила компанијата.