Интеграција во ЕУ и економска соработка – заедничката изјава на лидерите на Западен Балкан по средбата во Скопје

Денеска во Скопје се одржа средба на лидерите на земјите од Западен Балкан на која се разговараше за планот за раст на ЕУ за земјите од регионот.

На оваа средба премиерот на Албанија Еди Рама, на Македонија Димитар Ковачевски, Албин Курти од Косово, Милојко Спајиќ од Црна Гора, претседателот на Србија Александар Вучиќ, во присуство на генералниот директор за соседство и преговори за проширување на Европската Комисијата Герт Јан Компан и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан потпишаа заедничка изјава.

Како прва важна точка, тие ја истакнаа важноста на соработката во регионот и интеграцијата во ЕУ, со оглед на руската агресија врз Украина, како и тековните кризи на Блискиот Исток.

Лидерите во заедничката изјава велат дека Планот за раст за Западен Балкан е нова можност за промовирање на економската и социјалната конвергенција на регионот.

Лидерите се залагаат и за искористување на можностите на Планот, со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните за постабилна иднина во ЕУ.

Во изјавата, лидерите велат дека ќе ги насочат своите напори на промовирање на регионалната економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ.

Во продолжение заедничката изјава на лидерите на земјите од Западен Балкан, по денешната средба во Скопје:

https://publuu.com/flip-book/371721/846368/page/1