Интересната приказна за италијанското село со 46 жители, од кои 30 се кандидираат за градоначалник

Последен пат Игор де Сантис се кандидираше за градоначалник во Ингрија, ова мало село опкружено со планини во близина на Торино, тој победи убедливо.

Но, тој сега се соочува со тежок предизвик за четврти мандат откако неговата мајка се приклучи на ривалската партија.

Ингрија, едно од најмалите села во Италија, има 46 жители.

Сантис (42) ја води селската управа од 2009 година и се соочи со конкуренција во трката за градоначалник од 70-годишниот опозиционер Ренато Полето.

Ситуацијата се искомплицирала кога жител на Милано Стефано Венути се огласил за кандидатура, пишува Гардијан.

А потоа трката се преврте наопаку кога Полето објави дека ја обезбедил поддршката од мајката на Сантис, Милена Кросасо.

За селски градоначалник сега се кандидираат вкупно 30 граѓани.

„Ја замолив мајка ми да ми се придружи, но откако виде дека списокот на Полето е главно жени, реши да оди со него“, рече Сантис.

Но, Кросасо рече дека ривалството нема да влијае на нивната семејна хармонија.

„Како и мојот син, го сакам најдоброто за заедницата“, рече г-ѓа Кросасо.

Инаку, Ингрија се наоѓа во долината Соана во Италија и се соочува со слични проблеми со другите планински села како што се депопулација, малку услуги и предизвици со снег во зима.

Од 2022 година, кога беше прогласена за меѓу најубавите села во Италија, Ингрија бележи пораст на туризмот.