Интер без Меси го претрпе највисокиот пораз во клупската историја

Ослабен без услугите на Лионел Меси, кој настапува со Аргентина на Копа Америка, неговиот клуб Интер Мајами го претрпе синоќа највисокиот пораз и првпат прими шест голови во кратката клупска историја.

Во дерби натпреварот во американската МЛС лига, Интер Мајами загуби од Синсинати со 6-1.

Јапонецот Јуја Кубо постигна два гола (10, 57), а одличен настап имаше и Аргентинецот Лучијано Акоста кој постигна гол (36) со две асистенции.

Стрелци за Синсинати беа и Павел Буча (38), Јамил Асад (45+4) и Хералдо Валензуела (72).

Голот за Интер го постигна Сергеј Кривцов (21).

Највисокиот пораз на Интер Мајами досега беше 0-5 против Њу Ингланд во јули 2021 година (5-0). ег ФОТО: Фејсбук