Интер Мајами демантира гостување во Саудиска Арабија

 Интер Мајами демантираше денеска дека идниот февруари ќе настапи на „Ријад Сезон Куп“, откако светските медиуми објавија дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе се сретнат во пријателски натпревар меѓу нивните клубови Интер Мајами и Ал Наср.

Натпреварот кој организаторите го нарекоа „последен танц“ на двајцата фудбалски великани, требаше да се одигра во првата половина на февруари идната година. Во тој период од годината во Саудиска Арабија трае шестнеделна пауза пред продолжение на сезоната, а во првите месеци од календарската година американските клубови за подготвуваат за новата сезона во МЛС лигата која ќе почне на крајот на февруари.

Меѓутоа, Скај Спорт објави дека до 38. пресметка меѓу двајцата легендарни фудбалери, сепак, нема да дојде во Ријад.

Во меѓусебната статистика, Меси има 17 победи, шест повеќе од Роналдо, а двајцата се израмнети според бројот на постигнати голови – по 23.