Инфлацијата во еврозоната падна на 6,1 отсто

Економистите предупредија дека ќе поминат многу месеци пред незадоволните потрошувачи да почувствуваат нормално ниво на инфлација рефлектирано во цените на продавниците.

Инфлацијата во еврозоната имаше позитивен пресврт, забележувајќи значителен пад до 6,1 отсто, но сепак, потрошувачите се уште трошат повеќе пари за храна и други потреби, пренесува Анадолија.

Годишната стапка на инфлација во 20-те земји кои користат евро валута се намали во мај на 6,1 отсто од седум отсто во април, објави Заводот за статистика на Европската унија (Евростат).

Ваквиот пресврт е позитивен знак дека енормниот пораст на цените, кој кулминираше во октомври минатата година, оди во добра насока.

Сепак, економистите предупредија дека ќе поминат многу месеци пред незадоволните потрошувачи да почувствуваат нормално ниво на инфлација рефлектирано во цените на продавниците.

Цените на храната во еврозоната се зголемија за 12,5 отсто во мај во однос на претходната година, но сепак се намалени во однос на порастот од 13,5 отсто забележан во април.

На забавувањето на инфлацијата најмногу влијаеше намалувањето на цените на енергенсите.

Инфлацијата забави во трите најголеми економии каде се користи еврото, и тоа во Германија на 6,1 отсто, Франција на 5,1 отсто и Италија на 7,6 отсто.