Инфлацијата ја уништува Турција

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се забрза на 64,86 отсто од 64,77 отсто во декември, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат.

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

На годишно ниво најмногу во јануари пораснале цените на услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 92,27 отсто, како и во образованието 79,81 отсто, здравството 78,57 отсто, транспортот 77,54 отсто, објави сајтот Туркстат.

Алкохолните пијалаци и тутунот поскапеле на годишно ниво за 61,60 отсто, облеката и обувките за 40,62 отсто, а храната и безалкохолните пијалаци за 69,71 отсто.

На месечно ниво инфлацијата скокна за 6,70 отсто во однос на декември.

Годишната основна стапка на инфлација во Турција во јануари изнесува 70,48 отсто.

Централната банка на Турција (TCMB) претходно ја зголеми референтната каматна стапка на 42,5 отсто од 40 отсто во декември, велејќи дека сегашното ниво на домашна побарувачка, стабилниот раст на цените во услужниот сектор и геополитичките ризици продолжуваат да вршат притисок врз зголемената инфлација во Турција, објавија медиумите.