Инфлуенсерка од Дубаи е казнета со 1.800 евра затоа што влегла на забранетата розова плажа на Сардинија.
Казната ја доби откако на социјалните мрежи објави видеа и фотографии од нејзината посета.
Жената со бразилско потекло пристигнала со гумен чамец на брегот на Спиаџа Роса, позната по розовиот песок, игнорирајќи ги сите знаци и предупредувања за забраната. Плажата се наоѓа на островот Будели, кој е дел од архипелагот Мадалена во близина на теснецот Бонифацио во северна Сардинија.
Guida turistica barca sulla spiaggia sarda rosa di Budelli, violando lo storico divieto di accesso per un pugno di like: ora rischia una multa salata @Rogeriaguiadubai/IG La spiaggia sarda di Budelli, gemma dell’arcipelago de La Maddalena, è unhttps://t.co/YxyDn6TH2Z pic.twitter.com/J0ChGQE4TH
— La Citta News (@lacittanews) June 13, 2024
Од 90-тите на туристите им е забрането да шетаат на таа плажа и да пливаат. Посетите се дозволени само во текот на денот, а до островот може да се стигне, со одобрение, со помали чамци и гумени чамци. Дозволено е само пешачење по патеката зад плажата.
Инфлуенсерката, која го води профилот на Инстаграм @rogeriaguiadubai со повеќе од 35.000 следбеници, објави видео на кое шета по розов песок на песната „La Vie en rose“ од Едит Пјаф. Инцидентот се случил пред неколку дена, а службените лица отвориле истрага против инфлуенсерката откако револтирани луѓе од Сардинија започнале лудило поради нејзините објави.
Официјалните лица брзо ја идентификувале жената и ја известиле за казна од 1.800 евра, од кои 300 евра се казни за прекршување на забраната и 1.500 евра за пристигнување на островот со брод без дозвола. Жената изнајмила гумен чамец, а сопственикот на гуменот не знаел дека има намера да отплови до островот.
Инаку, островот Будели е ненаселен, а повеќе од 30 години бил дом на еден жител, Мауро Моранди, кој налетал на островот во 1989 година откако му се расипал катамаран на патот кон Јужниот Пацифик. Моранди, кој некои го споредуваат со Робинзон Крусо, успеа да остане и стана де факто единствениот чувар на островот, но во 2021 година властите го принудија да го напушти островот. Моранди тогаш имаше 84 години.